Новинарите ,,замолени,, од ЕУ да не пишуваат за повлекување на пари од банките


Само од две водечки ирски банки „Anglorish bank“ и „Bank of Ireland“ во текот на минатата недела беа подигнати дури 23 милијарди евра. За една земја со големина на Ирска, која брои околу 5 милиони жители, станува збор за астрономска бројка.

banka pariНеодамна слична ситуација имаше и на Кипар. Европската Унија пред неколку дена пушти порака на адреса на уредниците на мејнстрим телевизиските куќи, во кои ги замолува да не го известуваат населението, затоа што во сите земји во еврозоната, би можеле да се случи она што изминатата недела се случи во Ирска.
Таму имено е забележано вистиско стампедо пред банкоматите и шалтерите на тамошните банки.
Граѓаните од ЕУ веќе губат доверба во транспарентното работење на своите матични банки, а се повеќе се зајакнува свеста за вистинската природа на парите, кои реално веќе не постојат, затоа што се претворени во разноразни вредносни листови хартија, хипотеки и заеми.

Bank-of-Cyprus-cashpoint-008Луѓето полека сваќаат дека нивните пари не лежат во банкарските трезори, затоа што целиот банкарски систем би можел да пропадне, во случај да сите луѓе во краток рок си ги побараат парите кои им припаѓаат.
Кипарските граѓани со желба да си ги спасат вложените пари, изминатата недела веќе ги испразнија банкоматите, во висина од 10 милиони евра.

Случувањата во Кипар беа главна тема во германските медиуми, кои пишуваат како оваа држава се коцка со цела Европа. Добар дел од германските медиуми обелоденија дека начинот на кој што биле претставени пакетот мерки за помош на Кипар, само предизвикал паника меѓу граѓаните, но дека истиот бил неопходен затоа што без помош на ЕУ кипарските банки ќе ги изгубеле сите штедни влогови кои ги имаат на тамошните сметки. Додека со овој пакет на мерки ќе се спасат најмалку 90% од штедните влогови во кипарските банки.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1