Кинескка новинарка Чен Џинг си ја сфатила својата професија многу сериозно – таа дури ја прекинала својата свадба за да известува во живо за земјотресот што ја погоди Кина. Таа е новинарка за една локална телевизиска станица во Кина , немала време ниту да се пресоблече па на јавувањето во живо е во својата венчаница.
Видеото од нејзиното јавување во живо веднаш стана хит во Кина, а гледачите го пофалија нејзиниот професионален дух.