Новинарот киднапиран од ИСИС вели – Јас знам како да се победи ИД


Францускиот новинар кој беше во заложништво на Исламската држава 10 месеци се противи на воздушните напади во Сирија, велејќи дека тие претставуваат „замка” за Велика Британија и другите членови на меѓународната заедница, пренесува Индепендент.

Зборувајќи во интервјуто за воената кампања во Сирија, новинарот Николас Енин ја изнесе својата стратегија за борба против милитантната група, а тоа е воспоставување зона на забранети летови во областите што се под контрола на опозицијата на Сирија.France Nicolas Henin

Г-дин Енин претходно раскажа за тоа дека бил заробен седум месеци во Сирија, и како британскиот државјанин Мохамед Емвази – познат како Џихадистот Џон – бил меѓу чуварите во затворот кои го подложувале на физичка и психичка тортура.

„Нападите на ИД се стапица”, рече тој.

„Победникот во оваа војна нема да биде страната која има најново, најскапо или најсофистицирано оружје, туку страната што ќе успее да ги придобие луѓето“.

Како пример за тоа дали меѓународната заедница одговорила добро, тој ја опиша неодамнешната ескалација на бегалската криза – и соодветните понуди на домовите во Европа за муслиманите кои бегаат – како „поттик на ИД”.

Тој рече: „Стотици илјади бегалци, кои бегаат од оваа муслиманска земја која е како сон за ИД – и би требало да биде нивниот Израел. А бегаат од таа земја за да одат во земјата на „неверниците”?

„Ова е причината зошто веројатно се обидоа да манипулираат со јавноста со нападите во Париз”, рече тој. „За да не натераат да ги затвориме нашите граници, а можеби дури и уште поважно, да ги затвориме нашите умови”.

Бомбите на коалицијата не ги повредија милитантите, нагласи новинарот во интервјуто пред британските пратеници да гласаат за дозвола РАФ да врши напади во Сирија, туку  напротив „ги туркаат луѓето во рацете на Исламската држава”.

„Тоа што мора да се направи – и ова е навистина клучно – е да се анагажира локалното население. Што побргу  луѓето  ќе добијат надеж за политичко решение, Исламската држава сама ќе пропадне.

„Има многу едноставен начин да се натера ИД да го изгуби тлото под нозете многу брзо. Меѓународната заедница мора да одлучи сите региони кои ги држи сириската опозиција да станат зони на забранети летови“.

„Зони на забранети летови за сите. Не само за коалицијата, за Русите, не само за режимот, за сите. Обезбедување на сигурноста на луѓето кои живеат таму ќе биде катастрофално за ИД. Тоа е она на што меѓународната заедница треба да се фокусира”.

Тој додаде: „Зошто правиме толку многу грешки. Зошто луѓето толку погрешно ја разбираат визијата на ИД?“

„Ние само ги поттикнуваме нашите непријатели и ја поттикнуваме  бедата и несреќата на локалното население”.

Г-дин Енин е слободен новинар кој има работено во Ирак и Сирија во поголемиот дел од својата кариера. Тој беше држен од ИД во подземна ќелија заедно со други заложници вклучувајќи го и американскиот новинар Џејмс Фоли, кој подоцна беше обезглавен.

Г-дин Енин беше ослободен по преговорите меѓу француската влада и неговите киднапери, а искуството од заробеништвото го напиша во книгата  Jihad Academy, објавена на англиски јазик минатиот месец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1