Новиот патнички авион на Бонг е неисправен ?!


Инжинерот , кој 32 години работел како контролор на квалитетот во компанијата тврди дека не работи системот за снабдување со кислород во новиот патнички авион на Боинг.

Тестовите покажуваат дека една четвртина од системот за снабдување со кислород во авионите на Боинг 787 „Дринлер“ може да не функционира како што треба,  вели во интервјуто за „Блисти“ на БиБиСи , Џон Барнет.

Тој рече дека за време на отпишувањето на системите каде била забележана помала „козметичка“ штета, открил дека некои боци со кислород не функционираат правилно. Тој побарал внатрешно контролиран тест кој опфаќа 300 системи и 75 од нив не работеле правилно, што значи дека 25% од нив биле неисправни, јави Би-Би-Си.

Администрацијата ги блокирала неговите обиди за потемелно да го испитаат проблемот, тврди Барнет, а Сојузната управа за авијација на САД (ФАА) ја отфрлила неговата тужба во 2017 година со образложение дека од администрацијата укажале дека работат на решавање на проблемот.

Барнет исто така тврди дека неисправни делови биле намерно поставени во авионите.

Компанијата ги негира неговите обвинувања и тврди дека сите нејзини авиони се изградени според највисоки стандарди на безбедност и квалитет.

Поради дефект на овие  системи, патниците би можеле да останат без кислород во случај на ненадејна декомпресија на авионите, објаснува Би-Би-Си.

Барнет бил инженер за контрола на квалитет во Боинг за кој работел цели 32 години, сè до пензионирањето поради здравствени причини во март 2017 година. Од 2010 година, тој работел како менаџер за квалитет во фабриката на Боинг во Јужна Каролина, пренесува BBC.

Боинг го произведе  787 Dreamliner, модерен авион што се користи на долги летови  низ целиот свет. И покрај проблемите во раните фази, авионите се многу популарни кај авиокомпаниите и се добар извор за приход на Боинг, пренесува Би-Би-Си.

Свиркачот на „Боинг“ предупреди дека од желба што поскоро да се пушти во употреба новиот тип патнички авион е загрозена безбедноста.

Компанијата ги негира ваквите тврдења и посочува дека „безбедноста, квалитетот и интегритетот се во основата на вредностите на Боинг“.

Барнет не е единствениот вработен во „Боинг“ што предупредува во врска со производните процеси во компанијата. Така, јавноста дозна на почетокот на годинава дека по паѓањето на 737 Макс во Етиопија, четворица сегашни или поранешни вработени се јавиле во ФАА за да ги пријават потенцијалните проблеми.

Боинг неодамна беше под лупа на регулаторите и на јавноста поради две катастрофални несреќи кон крајот на минатата година, а во кои паднаа  неговите нови авиони 737 Макс. Вкупно 356 лица загинаа во двете несреќи во Индонезија и Етиопија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1