Ново Лисиче против плаќањето исклучено парно – потпишуваат петиција


Жителите на Ново Лисиче масовно се потпишуваат на петицијата против плаќањето за студени радијатори. Бараат промена на Правилникот на Регулаторната комисија за енергетика, кој предвидува да плаќаат парно и покрај тоа што веќе неколку години се исклучени од системот. Револтирани се што поранешна Толификација, а сега БЕГ, деновиве им испраќа тужби и се заканува со извршители, пренесува Телма.

parno-Кај нас цевките поминуваат во влезот и нема никакви шанси да користиме топлина преку нив, иако сме исклучени. За ова реагиравме до сите институции, но ништо, вели Мирко Станојевиќ.

Луѓето се револтирани и од тоа што БЕГ постојано ја менува сумата која треба да ја платат, иако правилникот е прецизен во тој однос. Граѓаните велат дека се исклучиле од системот од финансиски причини, а сега имаат уште поголеми трошоци иако радијаторите дома им се студени. Велат дека, ако веќе мора да плаќаат за парно, тогаш нека се постават мерачи, па секој да плаќа според потрошената енергија. Тие за ова се жалеле и до владата, Народниот правобранител и ОБСЕ и сите ги упатиле во Регулаторната комисија за енергетика.

Оттаму, пак, се повикуваат на Уставниот суд, кој ја одби инцицијативата на ЛДП за оцена на уставноста и пресуди дека и исклучените мора да плаќаат надомест за ангажирана моќност. Потписи ќе се собираат и во следните неколку дена, а петицијата повторно ќе ја испратат до сите релевантни институции.

Во меѓувреме од страна на БЕГ се процесуирани 15 000 тужби кај извршителите, а најавуваат и дека бројката секојдневно ќе се зголемува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1