Ново – Веб страници со мирис


Дали некогаш сте имале можност да го помирисате онлајн истражувањето? Мирисот на некоја кожнена јакна која сакате да ја купите преку интернет? Или едноставно не можете да го опишете со зборови на вашиот мејл, вкусот и мирисот на направените свежи колачи?

iSmell2-530x384
Од компанијата „DigiScents“ во 2001 година беа блиску да создадат да им го достават на потрошувачите својата нова технологија. Но, сепак идејата за додавање мирис на начинот на кој комуницираме преку онлајн мрежата завршил неуспешно.

Неуспехот да се надмине прототип фазата, амбициозниот концепт за да се создаде технологија која што ќе биде многу повеќе од тоа како ние ја перцепираме со нашите очи и уши, всушност ги открива вистинските бои за технологијата која што ние ја користиме.

Потребни се дополнителни екстензии на битовите и бајтовите на производите кои ги користиме при нашата секојдневна рутина, за да бидат истите оптимизирани за човечкото тело.
„iSmell“, машината за мирис беше создадена врз основа на резервоарот со фиксем износ на мириси кои можат и да се комбинираат. Од компанијата се надеваат дека ќе успеат да создадат милијарда мириси од само 100 до 200 мириси. Од таму се надеваат дека до 2020 година ќе можеме да го намирисаме тоа што готвачот го прави на телевизија.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1