Златната елка висока 18 метри во неделата беше поставена на скопскиот плоштад.
Заедно со неа од другата страна на Камениот мост монтирана беше уште една новогодишна елка, помала и во сребрена боја, на плоштадот Филип Втори.
Како дел од новогодишното украсување на деловите од булеварите кои поминуваат низ центарот на метрополата ќе доминираат украси во ладнобела боја, налик на снегулки што паѓаат, додека плоштадите ќе светат во топло-ладна боја која наликува на жолтеникава. На улицата Македонија се предвидува поставување на ѕвездено небо, а во план е да има и нови топки-лустери.
Foto – Vecer