Новото спортско возило Вајпер го дизајнираше Македонец


Родениот тетовчанец, Томе Јованоски (31), е одговорен за внатрешниот дизајн  на ултра-спортскиот автомобил, Вајпер, излезен од погоните на американски Крајслер.

mak vajper

За Капитал, тој ја раскажа својата приказна, за тоа како од Македонија, преку Детроит, каде што се отселил со своите родители во 1996 година, се вивна во врвот на светскиот дизајн на автомобили.

“По дипломирањето на Колеџот за креативни студии во Детроит, имав среќа веднаш да се вработам во одделот на дизајн на Крајслер. Работев на неколку модели пред да ја доживеам најголемата привилегија и предизвик за еден дизајнер, а тоа е да работи на автомобилот што му бил омилен од мали нозе. Дизајнот на ‘вајперот’ го развивавме неколку години, јас бев вклучен и во креирањето на надворешниот изглед, но најголем удел имам во обликувањето на ентериерот. Вајпер излезе во продажба во 2013 година, како 5-та генерација на ова возило, претставено на јавноста во 1992 година“, вели Јованоски…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1