Новозаболени 127 – најмногу во Скопје и во Штип


По 80 часовсниот карантин во четирите градови со најголем број заболени денеска нема ограничување на движењето. Дали ќе има полициски час од 22 до 05 часот во Скопје, Куманово, Штип и Тетово како што предложи Комисијата за заразни болести Владата ќе одлучува утре.

Blood sample with respiratory coronavirus positive
  • Комисијата за заразни болести веќе го достави предлогот до Владата и во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во меѓувреме не стивнува ширењето на заразата. И денеска како и изминатата седмица продолжува трендот со над 100 новозаболени за 24 часа. Изминатото денонокие регистрирани се 127 нови случаи од 702 теста. Ова значи дека кај 18 проценти од тестираните бил дијагностициран Ковид-19. Најмногу од новозаразените се од Скопје -67 и Штип-33.

Претседателот на Комисијата за заразни болести посочи дека последните високи бројки се резултат на непочитување на мерките.

-Што досега сме ги направиле, се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки што ги дадовме како препорака од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, а тоа се носење на заштитна маска, спречување на групирање повеќе од две лица што ни се удри како бумеранг заради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазам Бајрам и ифтарските вечери коишто се случуваа во тој период, рече д-р Жарко Караџовски, престедател на Комисјата за заразни болести.

Караџовски се огради дека како Комисија давале идеални совети за справување со епидемијата и прстот го впери кон Владиниот Кризен Штаб.

-Ние му кажуваме на министерот Венко Филипче кое е нашето стручно размислување за одредени проблеми коишто се јавуваат во државата. Министерот има опција „А“ да не не тангира воопшто и да рече дечки вашето мислење го примив на знаење, ама јас на Влада ќе кажам нешто сосема трето. Второ, Главниот кризен штаб може секоја наша одлука да ја преиначи или дополни, рече Караџовски.

И додека од неговата 20 минутна епидемиолошка анализа може да се заклучи дека напредуваме во борбата со Ковид-19, Македонија е една од најнебезбедните земји според Форбс кога е во прашање вирусот.

-Министерот може утре сабајле да ме смени. Никогаш не сум добил скршена пара во 27 години колку што сум бил член во Комисијата, а посебно сега во овој момент кога сите работиме гратис и кога работиме под алтруизам и чувство да и помогнеме на државата, рече Караџовски.

Во моментот во МАКЕДОНИЈА имаме 1343 активни случаи со Ковид – 19. Најмногу во Скопје – 720, Штип – 169, Куманово – 139, Тетово -127.

Од Скопските општини во моментот најмногу болни има во Чаир -168, Центар -64, Бутел – 63, Гази Баба -58, Аеродром -57, Сарај – 55.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1