Новозеландскиот премиер го менува мобилниот на три месеца


Новозеландскиот премиер Џон Кеи изјави во четвртокот дека на секои три месеца го менува мобилниот телефон, за да го намали ризикот да биде шпиониран.

„Мојот телефон е посигурен од мобилните на другите луѓе, но тоа не значи дека во него не може да упадне“, изјави новозеландскиот премиер Џон Кеј.telefon nov zeland premier

Додаде дека мобилниот не го носи на состаноците со советниците за национална безбедност, бидејќи со нив може далечински да се управува и да се искористи како уред за прислушување.

„Сигурно знам дека мобилниот телефон може да биде искористен за прислушување. Го менувам на секои три месеца. Кога сум во странство, секогаш го имам крај себе. А доколку го оставам во соба, што ми се случи неколкупати, едноставно го фрлам“, вели новозеландскиот премиер.

Кон средината на април годинава, локалните медиуми повикувајќи се на документот кој го објави поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, пишуваа дека Нов Зеланд планирал да ја шпионира електронската комуникација на кинески официјални претставници во Окленд за потребите на САД.

Според документите на поранешниот советник на американската Агенција за национална безбедност (NSA), Едвард Сноуден, новозеландските тајни служби изработиле план за следење на електронската комуникација на кинеските државни претставници на Нов Зеланд.

Локалните медиуми го пренесуваат тајниот извештај на NSA од април 2013 година, според кој новозеландската тајна служба GCSB се согласила со NSA заедно да ги прислушуваат кинеските комуникациски линии. Во извештајот се надева дека тогаш веќе бидел преземени првите чекори за реализација на соработката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1