Њујорк пост: Не е исклучена можноста за координирани напади врз црквите


Шефовите на главната пожарникарска служба на градот Њујорк (ФДНУ) истражуваат за тоа дали пожарот врз Соборната црква Свети Сава на Менхетн е поврзан со пожарите во православни цркви во Австралија и Русија, објавено е денеска на сајтот на „Њујорк пост“, кој се повикува на неименувани извори.srpske-crkve-sidnej-melbnurn-foto-ps-1462177666-897665

Истите извори објасниле дека не е исклучена можноста дека станува збор за координирани напади врз православната вера, наведува њујоршкиот весник.

-Сакаме да утврдиме дали постои каква било врска (меѓу пожарите), изјавил извор близок со истрагата, додавајќи дека претставниците „пробуваат да добијат информации од прва рака“, од црквите во Австралија и Русија.

Неименуваните извори констатирале дека пожарите избиле во ист ден и дека црквите во кои се случиле припаѓаат на иста вера.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1