Њујоршката мафија до ИСИС: Ако нападнете, ќе мора да се борите со нас!


Синот на Њујоршки мафијашки шеф се закани на ИСИС, велејќи дека доколку тие планираат напади на Њујорк, тие ќе мораат да се соочат со Сицилијанската мафија. Озогласениот криминален синдикат вели дека сакаат да помогнат и да ги заштитуваат граѓаните.

Џовани Гамбино, синот на клучна фигура во мафијашката организација гамбино, вели дека мафијата е во многу подобра позиција да обезбедува граѓани, отколку ФБИ или останатите безбедносни служби.tennis-mafia

“Тие често реагираат кога е предоцна, или не успеваат да ја видат целосната слика за тоа што се случува поради недостигот на “човечка интелегенција” изјавил во интервју за НБС Њуз, а цитиран од Ројтерс, додавајќи дека познавањето на мафијата за индивидуалните потези и интеракцијата со локалните жители им дава предност дури и во споредба со најновите технологии за следење.

Гамбино, кој пробува да направи кариера како сценарист во Холивуд, вели дека, следејќи ги ужасните напади во Парис на 13 Ноември, заштитата сега е попотребна од било кога досега.

“Светот е опасен денес, но луѓето кои живеат во Њујоршките населби со Сицијлијански врски треба да се чуствуваат безебдно” изјавил тој. “Ќе се потрудиме да бидеме сигурни дека нашите пријатели и фамилии се заштитени од екстремистите и терористите, посебно од бруталната, психопатска организација која се нарекува ИСИС”

Гамбино Џуниор, кој е дојденец од Торета, планински предел над Палермо, престолнината на Сицилија, вели дека ИСИС треба да се плаши од Сицијлијанската мафија, и дека тоа е причионата поради која тие немаат ниту една ќелија поставена во Сицилија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1