„О2“: Дали Екоцентар ги исекол пругите во ОХИС за старо железо, а само така може да се дислоцира опасниот вагон?


Цистернава со винил хлорид е вагонска цистерна, донесена со пруга која постоела во кругот на фабриката. Каде е сега пругата? Нели има пријава од ДИЖС за крадење на прагови од пруги, дали овде некој пријавил каде се однесени праговите? Дали можеби се горат заради висококалоричноста, но сега збогатени дополнително со сите испарливи убер токсични хемикалии од ОХИС.

‼️ Дали навистина Екоцентар 97 ги исекол шините низ ОХИС пред 6 години, иако сите хемичари му сугерирале дека тоа е единствениот начин да се дислоцира вагонот со винил хлорид? Дали Екоцентар 97 го откупила ЦЕЛОТО железо од ОХИС, цели погони, сосе ПРУГИ?

‼️ Дали ги демонтирал и единствените турбини во државава каде тој винил хлорид може да се полимеризира, единствениот начин да се претвори во безбедна суровина? Ги повикуваме новинарите да истражат.

На колку степени треба да се лади оваа суровина? Податок во елаборатот нема, освен дека е лесно запалива и експлозивна и дека се лади…ама замислете само во „летните месеци“.
И потоа треба да веруваме дека сме безбедни? Со ваков систем на заштита и контрола?!?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1