Објавена националната платформа за он-лајн настава, 40.000 ученици ќе учат преку телевизор


Вака ќе изгледа час на националната онлајн платформа.

На десет дена пред стартот на учебната година владата претстави преработка на системот на мајкросфот кој ќе го користат учениците во Македонија. Но нема да можат сите ученици да го користат системот. 40.000 деца немаат компјутер дома. Тие наместо на ит уред, наставата ќе ја гледаат на телевизија.

– Се предвидуваат 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Македонската телевизија, на посебни канали кои се обезбедени, за да може секое дете да има пристап до наставните материјали. Дополнително, училиштата ќе имаат обврска да ги испечатат потребни материјали и да се достават до секое дете преку родителите, а потоа да се вратат назад за да се оценат, вели Царовска.

Новата платформа е усогласена да се користи на сите 5 јазици кои се говорат во државата. Обука добиле 30 лица кои понатаму ќе треба да им објаснат на 1600 наставници како да работат на платформата . По оваа фаза , наставниците кои се обучиле ќе им го пренесат знаењето на своите колеги во училиштата, колку ќе трае овој процес нема инфомација.
Во државата има околу 258 000 редовни ученици. Од прво до трето одделение настава ќе следат со физичко присуство. За 113те училишта кои побараа ваква можност, се уште нема одговор од Владата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1