Обама бара лек за мозокот – сака 100 милиони долари за истражувања


obama mozok istrazuvanjeПретседателот на Америка, Барак Обама побарал од Конгресот да издвои 100 милиони долари за нов проект. Имено Обама сака да се изработи „мапа“ на човечкиот мозок во надеж дека конечно ќе се најде лек за болести како Алцхајмеровата и Паркинсовата болест, епилепсија, аутизам, последици од срцеви заболувања или трауматски повреди.

Обама тврди дека наречената „мозок“ иницијатива може само да го подобри животот на милијарди луѓе низ целиот свет. „Можеме да идентификуваме галаксии одалечени неколку светлосни години, можеме да проучуваме честички помали од атом, а се уште не сме ја решиле мистеријата за тоа што се наоѓа во нашата глава“ изјавил Обама.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1