Обама денеска за последен пат излезе од Овалната канцеларија


Обама денеска за последен пат излезе од Овалната канцеларија, работа соба на американскиот претседател каде на работно биро од 19 век, остави писмо за Трамп, како што е обичај претседателот во заминување да остави лична порака за својот наследник.obama-tramo-768x607-696x550

Во истиот момент, демонстранти, кои се собраа против инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, облечени во црна облека, кршат стакла на продавници и автомобили.

Искршени се и прозорци на филијалата на Банката на Америка, јавуваат локалните медиуми.

Барак Обама денеска објави на Твитер проштално соопштение како претседател на САД и нагласи дека формира фондација со свое име. – За мене најголема чест во животот беше да Ви служам Вас. Ме направивте подобар лидер и подобар човек. Нема да запрам – напиша за последен пат од официјалниот налог 44-тиот претседател на САД. Тој наведува дека формира фондација „Обама“ и ги повика приврзаниците за да ја искористат фондацијата и да споделат со него свои ставови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1