Обелоденета последната порака на бомбашот до таткото – наместен сум ! (Фото)


Медиумите ја пренесуваат, како што се тврди, последната порака на 19 годишниот бомбаш од Бостон испратена на фејсбук до неговиот татко. Во пораката се вели

,, Ова ќе е последна порака пред полицијата да ме фати. Не го сторив тоа. Ме наместија. Татко те молам прости ми. Извини што дојде до ова,,

bobas posledna poraka

Неговиот татко пред неколку дена изјави дека неговите синови биле наместени, а мајката дури тврдеше дека нејзиниот постар син веќе 5 години бил под присмотра на ФБИ и знаеле се што прави па е невозможно да не знаеле дека планира масакр.

boston 677Здравствената состојба на 19-годишниот Џохар Царнаев обвинет за учество во терористичкиот чин за време на Бостонскиот маратон е подобрена, а лекарите велат дека е на задоволително ниво. Царнаев, поради раната во вратот можел да изговори само збор. Царнаев беше прелиминарно сослушан во болницата пред судијката Мариан Боулер. Во текот на сослушувањето комуницирал со климање на главата и покрај тоа што е ранет во вратот успеал да изговори само „не” кога судијката го прашала може ли да се дозволи адвокат. Следното сослушување е закажано за 30-ти мај.

Џохар Царнаев е згрижен во истата болница во која се згрижени и ранетите во нападот. Околу 57 лица сé уште се во болницата, од кои две се во критична состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1