Oбезглавената жртва во Франција е работодавачот на терористот


Шеф на претпријатие од Рона, беше обезглавен денес за време на терористичкиот напад во индустриски објект во Изерм во близината на Лион во Франција

Станува збор за работодавачот на осмниченото лице, кое е иднетификувано како Јасин Салхи, жител на Сен-Приест, во близината на Лион, кој беше уапсен по нападот.francijanapadd

Главата на жртвата беше пронајдена на оградата од фабриката на американскта група Ер Продуктс во  Сант Кантан-Фалавие, опкружена со ислмистички знамиња.

Телото на жртвата беше пронајдено во претпријатието, според истиот извор.

Станува за прва жртва на тероризмот во Франција на која и е отсечена глава, практика широко распространета во Сирија од страна Исламската држава.

Жртвата е маж на 45 години, кој раководеше со транспортно претпријатие и располагаше со дозвола да влегува во кругот на фабриката Ер Продукт, каде беше извршен нападот, недалеку од аеродормот во Лион.

Претседателот Франсоа Оланд од своја страна најави засилување на антитерористичкиот план Вижипират, кој е подигнат на максимално ниво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1