На Крстовден е добро работодавачите да ги исплатат своите работници. Овој обичај настанал уште одамна бидејќи на тој ден (Крстовден) се исплаќале работниците кои го чувеле полето од Ѓурѓовден (6 мај) до Крстовден (27 септември).
На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло.
Некои верници на овој ден јадат само леб и грозје.
Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје . Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.
Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан…