Обичаи за Велики Четврток: Жените задолжително да запалат свеќа – еве што не смеете да правите!


На Велики четврток е востановена Светата тајна причеста поради што се верува дека и на најголемите грешници кои ќе се причестат на овој ден ќе им бидат простени гревовите.veligdenski ogan

Жените на овој ден во некои места палат свеќи и на дрвени даски ги пуштаат низ река во чест на душата на мртвите.

Денот треба комплетно да му се посвети на Бога. Не е дозволено да се работи ништо. На некои места се верува дека на Велики Четврток треба да се посадат лубеници, бидејќи така тие ќе израснат поголеми.

Селаните на овој ден работат ситни работи поврзани со стоката за таа да биде здрава, да се множи и да дава повеќе млеко.

Пред да изгрее сонцето, домаќинките ги вапцаат првите велигденски јајца. Првото се чува преку цела година за бериќет во куќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1