Oбичните луѓе не смеат да влезат на овие места


Светот е преполн со тајни и ексклузивни места за кои, или не знаеме, или, како обични смртници едноставно ни е забранет пристапот

Межгорје- Во овој руски град, наводно живеат работници кои денот го поминуваат на едно од најтајните места на овој дел од светот- планината Јамнатау. Американската влада веќе со години ги предупредува руските власти да откријат што се случува на таа планина, затоа што сметаат дека се работи за нуклеарна централа. На почетокот на 90-тите години од минатиот век, американските власти побараа од Русите да откријат за што точно се работи, и секој пат добиваа различен одговор. Дека се работи за ризница руско богатство, складови за храна и скривници за властите во случај на нуклеарна војна.

vatikanВатиканските тајни архиви- И покрај нивото име, Ватиканските тајни архиви не се тајни и пристапот до нив не е забранет. Секој може даја проучува архивата, но влезот е дозволен само за неколкумина. Сето тоа можете да го направите ако поднесете барање за да видите некој документ и вработените ќе ви го донесат во читалната.

Јавно е објавен попис на содржината на архивата, но многумина веруваат дека во архивата се наоѓаат многу документи за кои јавноста не знае дека постојат, а кои би можеле да ја компромитираат католичката црква. Сите јавно објавени документи се достапни за јавноста со фактот дека се стари повеќе од 75 години. Архивата се чува во строго безбедни простории и подруми кои се совршени климатизирани и подготвени за нивото чување.

Клуб 33- Покрај популарното уверување дека во Дизниленд не смее да се точи алкохол- тоа не е точно. Алкохолот е дозволен, но се точи надвор од работното време, односно тогаш кога Дизниленд е отворен за приватни забави. Иако Дизниленд е забавен парк, во него има место каде не може секој да влезе. Станува збор за Клубот 33, приватен клуб, кој за членовите чини 30 илјади американски долари, а на членство се чека некаде околу 14 години.

Московското метро 2- Иако оваа информација никогаш не е потврдена од страна на властите, постојат гласини дека паралелно со јавното метро под Москва, постои и приватно метро. Не се работи за метро кое можат да го користат само богатите жители на овој град, туку за метро кое ги поврзува сите институции на државата. Се говори дека метро 2, е подолго од јавното метро а наводно се наоѓа на длабочина меѓу 50 и 200 метри. Се претпоставува дека настанал за време на владеењето на Сталин, но до ден денес руските власти ниту ги потврдиле ниту ги демантирале овие информации.

Вајтс Џентлмен Клуб- Најексклузивниот клуб во Англија е основан во 1693 година од страна на Франческо Бјанко, за во него да служи нов вид чоколада, а со текот на времето стана типичен, но екстремно приватен клуб за богатите. Клубот е познат по  својата „книга на обложување“ во која членовите ги запишуваат своите бизарни обложувања. Најпознато обложување е она од 3.000 фунти, за тоа чија капка вода прва ќе се лизне од прозорот.  Овој клуб е забранет дури и за жените, а мажите можат да станат членови ако за тоа имаат поддршка од двајца актуелни членови на клубот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1