Обид за киднапирање деца и во скопско Драчево? Мајката на едно од децата кое било мета на киднаперите на социјалните мрежи го раскажа случајот и упати апел до родилите да внимаваат на своите најмили. Во петокот нејзиниот син со другарчето после училиште тргнале до пекарата да си купат за јадење, но набрзо се вратиле пребледени и исплашени. Како што кажале децата во близина на обложувалницата ги застанал човек кој имал капа на главата и им нудел пари.
– Ги викал за да ги земат, само им кажал тоа да го направат побрзо. Децата се исплашиле и почнале да трчаат. Син ми кој има девет години забележал дека автомобилот е опел, без таблички. Во колата имало и жена со маска на лицето.Кога почнале да трчаат син ми се свртел за да види да не одат по нив, и видел дека автомобилот го снемало од тоа место. Ова се случуваше среде бел ден во 13 часот, пишува мајката.
Таа потенцира дека сведок на настанот била и мајката на другото дете која од подалеку и го видела човекот со црно капче, но мислела дека станува збор за познаник на нивното семејство. Мајката веднаш повикала полиција. Заедно со синот случајот го раскажале и на полициска станица. Од МВР потврдија дека во петокот бил евидентиран ваков настан и превземале мерки.
И пред неколку дена според пишувањата на социјалните мрежи обид за киднапирање со истиот опел имало и во Кисела Вода. Но од полицијата велат дека кај нив не бил пријавен ваков настан