Обид за кражба телото на убиениот Ким Џонг-нам


Малезиските власти соопштија денеска дека бил извршен обид за упад во мртовечницата каде се наоѓа телото на убиениот полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам.

Обидот да се украде телото бил извршен во текот на испитувањата на експертите за утврдување на точната причина за неговата смрт.kim-jong_1737133c

Во изјава за локалниот весник „Малај Мејл“, шефот на малезиската полиција Халид Абу Бакр вели дека по тој инцидент биле воведени дополнителни безбедносни мерки во болницата каде почина Ким.

Според претходните најави во локалните медиуми, денеска требаше да бидат објавени резултатите од испитувањата на форензичарите, но Бакр вели дека експертите само прават дополнителни тестови.

Ким Џонг-нам беше убиен минатиот понеделник на аеродромот во Куала Лумпур кога неговото лице било испрскано со „некоја отровна суспстанца“.

Властите во Куала Лумпур се сомневаат дека зад убиството на постариот полубрат на актуелниот севернокорејски лидер стои режимот во Пјонгјанг.

Соопштението за обид за упад во мртовеницата и за кражба на телото на Ким доаѓа откако полицијата потврди дека како осомничени за убиството сега се водат и еден висок функционер на Амбасадата на Северна Кореја во Малезија и претставникот на севернокорејскиот државен авиопревозник „Ер Корио“.

Полицијата соопшти дека и двајцата се наоѓаат во Малезија и дека властите побарале од севернокорејскиот амбасадор да дозволи тие да бидат сослушани.

Досега никој од семејството на убиениот Ким Џонг-нам не се јавил до малезиските власти за преземање на неговото тело

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1