Oбид за убиство во Куманово


СВР Куманово поднесе кривична пријава за Р.З. (50) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство.policija centar nokjj

На 12 јуни, околу 19,00 часот, Б.Р. движејќи се со своето патничко возило, во кое бил и сопатникот С.М., во еден момент од левата страна го забележал пријавениот како со раце му дава знак дека во торбата што ја носел има пиштол и дека ќе го употреби. Кога оштетениот застанал сакајќи да го праша зашто му се заканува, пријавениот го извадил пиштолот и истрелал два проектила кон возилото во правец каде што седел оштетениот погодувајќи го во пределот на вратата, по што Б.Р. исплашен заминал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1