Објавен огласот за продажба на блиндираниот „Мерцедес“, ова е неговата почетна цена


Од денеска, па во наредните десет дена, сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица можат да поднесат пријава до Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) за учество на јавното наддавање за блиндираниот „Мерцедес-Бенз С 600“.

Почетната цена на наддавањето изнесува 14.372.208 денари и е одредена врз основа на направената проценка од стрна на Министерството за правда и Бирото за судски вештачења, а огласот е објавен во денешните изданија на весниците „Нова Македонија“, „Слободен печат„ и „Коха“.

– Сериозноста на понудата заинтересираните ја гарантираат со доставување на банкарска гаранција во износ од два процента од проценетата вредност на возилото, односно 287.444 денари, прецизира директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, на денешната прес конференција во Владата.

Тој посочи дека дополнителен услов за физичките лица е да бидат деловно способни, да не им е изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари и да ги имаат платено сите даноци и придонеси кон државата. Правните лица, пак, треба да достават и тековна состојба, како и потврда дека не им е изречена казна за привремена или трајна забрана за вршење на дејност.

– Заинтересираните лица ќе можат да го разгледаат возилото на 7 март во периодот од 10 до 15 часот на адресата Бул. „Гоце Делчев“ бб во гаражата на објектот на МРТВ. По истекот на рокот за доставување на понуди на 12 март Комисијата ќе има рок од три дена за евалуација на понудите, а јавното наддавање ќе се изврши на 16 март во 10 часот по пат на електронска аукција на интернет страницата на Министерството за финасии. Понудувачот кој ќе достави најповолна понуда во рок од 15 дена од добивањето на известувањето за избор ќе треба да ја уплати сумата преку сметка во банка во Македонија по што ќе се склучи договор за купопродажба во рок од пет работни денови по извршената уплата. Доколку купувачот не ја плати целосната сума договорот нема да се случи, а банкарската гаранција ќе биде активирана, рече Мирчески.

Нагласи дека сите давачки кои ќе произлезат околу преносот на возилото и јавните давачки утврдени со закон ќе паднат на товар на купувачот.

Дополнителни информмации заинтересираните може да се побараат на електрнската адреса [email protected].

Прашан со што ќе се превезуваат високите делегации кои ќе доаѓаат во земјава по продажбата на „мерцедесот“, Мирчески рече дека за безбедноста на странските делегации е задолжено МВР и додаде дека земјава располага со уште две блиндирани возила кои се во употреба и може да се користат за таа намена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1