Објавен последниот разговор со пилотот: Дали е ова причината за падот на авионот?


Колумбиските власти објавиле дека авионската несреќа во Колумбија ја преживеала уште едно лице, кој е исто така бразилски фудбалер, а Бразил прогласи во вторникот тридневна национална жалост. Објавени се и деталите од последниот разговор со пилотот со контрола на летот.

Пилотите јавиле дека имаат проблеми со моторот и зачудувачки, дека им недостига горива.avion-kolumbija-fudbaleri-640x432

Контролата на летот тогаш им дала одобрување за вонредно слетување. Но во 4.15 утрото по наше време контактот им се изгубил.

Залудно дежурниот диспечер загрижено повторувал пилотот да се јави. Од другата страна немало одговор. Авионот веќе удрил во непристапното тло.

Медиумите наведуваат дека во моментот на несреќата било многу лошо времето со обилни дождови и грмотевици. Авионот по ударот се преполовил на два дела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1