Објавен прирачник за преживување во случај на војна


Литванија објави прирачник, со кој се советуваат граѓаните како да преживеат во случај на војна на нејзина територија, во време кога се зголемува опасноста од руска воена интервенција во Украина и зајакнување на агресијата на Москва кон малите и балтички соседи

– Задржете самодоверба, не паничете и не губете здрав разум. Истрелите пред прозорецот, не се крај на светот, се наведува во прирачникот.

Free Syrian Army soldiers in Idlib

Прирачникот, што министерството за одбрана ќе го достави на јавните библиотеки идната недела и ќе го дели на воени настани, ги советува Литванците да се спротивстават на странска окупација со протетси и штрајкови или да ја вршат работата полошо од вообичаено, јави БТА.

Според прирачникот во случај на војна Литванците би требало да се организираат преку „Твитер“ и „Фејсбук“ и да се обидат да извршат хакерски напади против непријателот.

Литванија сè повеќе стравува од евентуални дејствија од Русија, вклучително поради спроведената минатиот месец воена вежба во рускиот град Калининград, во која учествуваа 9.000 војници и над 55 воени бродови.

– Примерите со Грузија и со Украина, кои загубија дел од својата територија, ни покажуваат дека не можеме да исклучиме слична ситуација тука и дека би требало да бидеме подготвени – изјави министерот за одбрана Јозаес Олекас.

Армијата на Литванија и нејзините паравоени резервни формации ја зајакнаа мобилизацијата на луѓе од почетокот на кризата во Украина.

– Кога Русија почна своја агресија во Украина, граѓаните во Литванија сфатија дека нашиот сосед не е пријателски настроен – изјави Олекас.

Владата, исто така, планира да воведе закон, со кој се обврзува сите градби во иднина да имаат засолниште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1