Објавена листа на сите кои биле на Голи Оток


Во Државниот архив на Хрватска се наоѓа список од сите затореници од Голи оток, на кој се имињата на 16.101 затвореници и затворенички

Вкупно, според тој список, во сите логори за информбировците на разни начини (убиство, самоубиство, природна смрт) животот го загубиле 413 лица. Бројот од околу 16.000 лица во научната литература која е објавена на таа тема, се споменува одамна, но оваа бројка беше сметана за режимска сурова кампања против уапсените припадници на прасоветската опозиција.

420863_goli-otok03_f

Судирот на Комунистичкото информациско биро и Комунистичката партија на Југославија, односно судирот меѓу СССР и ФНРЈ, кој започна во 1948 година, беше случување- за кое подоцна ќе се констатира- беше од пресудно значење за југословенската држава и општество. Тој судир, е најдраматичното поглавје во историјата на поранешната заедница на југословенски народи.

За оние кои се изјаснија за Сталин, времето кое следеше беше обележано со страдања и лични трагедии, за други- резолуцијата даде перспектива за подобар живот, затоа што овозможи одвојување на Југославија од советскиот блок и доведе до либерализација на животот во земјата и неповратно ја отвори вратата на западната култура.

Иако на југословенските власти не може да им се оспори правото – во моментот кога земјата била загрозена од надвор- да се брани од реална или измислена петта колона, логорот на Голи оток и третманот на заложниците во логорот, останаа црна дамка на југословенското општество.

-Голи оток е најмрачната и најсрамната појава во југословенскиот комунизам. Голи оток е и нешто полошо поужасно: невидено понижување, напиша Милован Џилас.

420864_goli-otok04_ff

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1