Денеска излезе видео на кое милитантите од Исламска држава го обезглавуваат британскиот хуманитарен работник Алан Хенинг.
Според АП, на снимката се гледа како суровите милитанти од Исламска држава го убиваат Хенинг и се закануваат дека ќе го убијат и Американецот Питер Едвард Касиг.
Хенинг, 47, таксист од Еклз, Грејтер Манчестер, беше заложник на ИС девет месеци.
Ако се утврди дека видеото е автентично, Хенинг ќе биде четвртиот заложник од Запад што го убила групата, по американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф и шкотскиот хуманитарец Дејвид Хејнс.
Разузнавачките агенции од обете страни на Атлантикот го истражуваат видеото за да ја проверат неговата веродостојност.