Француската телевизја Франс 2 денеска ги објави првите снимки од остатоците на авионот на „Ер Алжир“ што се урна вчера во Мали.
Снимките биле направени од војник на Армијата на Буркина Фасо, кој меѓу првите се нашол на местото на несреќата. На снимките се гледаат остатоци од авионот распрснати на околу 500 метри, што само ја докажува јачината на падот.
На сувата земја прошарена со малку растенија се гледаат илјадници распрснати делови и парчиња, што најчесто е невозможно да се идентификуваат.
Ниту едно лице не ја преживеа во несреќата. Според информациите кои доаѓаат од Мали, досега е пронајдена едната од двете „црни“ кутии на авионот, што сигурно ќе помогне да се дознаат причините за падот.
Француските војници ја однеле црната кутија од местото на падот на авионот во регионот Госи.