Објавено ново видео од атомското бомбардирање на Нагасаки


Во 11-минутно видео ќе ги видите подготовките на нуклеарното оружје на авионот Bockscar и експлозијата во Нагасаки.

Nagasaki-a-bomb

Всушност, ова е трезвен поглед на тоа колку катастрофална може да биде деструктивната моќ на технологијата и потсетник на една војна во која згаснаа милиони човечки животи.

YouTube корисникот RestrictedData на својот канал објави снимка на која се прикажува американското бомбардирање на Нагасаки кое се случи на 9 август 1945 година. Од снимката може да се види подготовката и ставањето на бомбата на авионот и нејзината конечна дестинација.

Настанот е снимен на островот Тиниан, а моментот од исфрлањето на бомбата е снимен од друг авион од кој е набљудувана експлозијата. Снимката потекнува од Националната лабораторијата Лос Аламос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1