Oбјавено видео од вчерашното убиство во Гостивар


Драма која завршила со трагичен крај се одвивала синоќа во Гостивар. Дваесет и четири годишен гостиварчанец починал откако бил застрелан со еден куршум во стомакот по расправија со едно лице околу наводен сообраќаен прекршок.
За случајот повеќе детали се очекуваат во текот на денот, откако јавен обвинител ќе ги заокружи истаражните активности кои започнале синоќа со увидот.3423542353-63239
Според очевидци, трагичниот настан се случил на улицата „Седек Костовски“ во близина на порашениот Жито Шар околу 22 часот. Наводно, 24 годишникот возејќи се со автомобил „голф“ застанал пред возилото на осомничениот за убиството и почнале расправија. Во расправијата биле испукани повеќе куршуми, а еден завршил во стомакот на помладиот возач.
По ранувањето, бил пренесен во гостиварската болница, а оттука на скопските клиники, каде им подлегнал на повредите.
Од СВР Тетово потврдија дека осомничениот за убиство, синоќа сам се предал во гостиварската полициска станица каде е задржан. Детали околу идентитетот и мотивите кои довеле до трагичниот настан ќе бидат познати во текот на денот и треба да ги соопшти Основното Јавно обвинителство Гостивар.
Видеото на Facebook го објави локалната гостиварска телевизија Глоби.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1