Објави застрашувачки фотографии од рак на кожата за да ги предупреди луѓето


Џуди Клауд (49) на Инстаграм споделила фотографии кои никого нема да остават рамнодушен. Имено, лекарите од нејзиното тело отстраниле 23 точки на рак на кожата, поточно од лицето, рамениците и нозете, а таа своето лекување го платила над 27.000 долари, пишува британски „Дејли мејл“. Севкупно била веќе на четири операции поради кои не била во состојба да јаде цврста храна, а цели две недели не можела ниту да се движи.FOTKA-460_1033794S0

Како што објаснила, фотографиите ги споделила на социјалната мрежа за да ги предупреди другите колку е опасно долгото изложување на сонце, како и одењето на солариум.

– Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека ова може да му се случи и ним и дека потемниот тен не е вреден да се умре – порачала Џуди која како тинејџерка сакала многу да престојува на сонце, а тврди дека со одењето на солариум никогаш не претерувлаа.

Некои од членовите на нејзиното семејство во минатото веќе се среќавале со оваа болест, но Џуди се надевала дека таа ќе ја избегне. Затоа, кога во 1995 година ѝ била дијагностициран рак на кожата, била шокирана.

– Имав само мала точка на лицето која крвавеше и се појавуваше одновно и одново и никако не сакаше да исчезне – раскажала Џуди.
Со тек на времето одлучила да посети дерматолог кој ѝ објаснил дека тој збор за карцином на базалните клетки на кожата е најчест облик на рак на кожата.

– Од многумина слушнав дека се чувствуваат подобро откако ќе одат во солариум или ќе се „печат“ на сонце. Погледнете ги фотографиите. Тоа можете да бидете вие. Рак на кожа може да добие секој, па дури и оној кој им потемен тен. Заблуда е дека од рак на кожа заболеле само оние кои имаат посветол тен – порачала Џуди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1