Колин Бернс (35) од Флорида паднала од карпа висока 120 метри недолго откако објавила фотографија на социјалните мрежи, на која се гледа како ужива токму на кобното место. Сè се случило кај Големиот кањон во Колорадо, а полицијата соопштила дека го нашла нејзиното тело на дното на кањонот.
„Но, тој поглед“, напишала Колин покрај својата последна фотографија во животот. По оваа објава повеќе не се јавувала.
Несреќната жена била на планинарење со семејството и пријателите кога се лизнала и паднала низ стрмната карпа. Една од пријателките која била со неа на медиумите им раскажала како дошло до несреќата.
– Се помести од патот за еден човек да се пробутка меѓу нас. За жал, се сплетка и падна наназад директно во кањонот – рскажала Џесика Роман, која била со Колин сè до последниот момент.
Таа додала дека тоа биле најдолгите две секунди во нејзиниот живот, но дека Колин секогаш ќе ја паметат како голема авантуристка кој навистина уживала во животот.