„Благословена сум бидејќи љубовта на мојот живот денес ме запроси. Немам зборови со кои може да ви опишам колку сум среќна. Се уште не можеше да ми даде вистински прстен , но важно е тоа што внатре. Знам дека ќе бидеме заедно, без оглед на материјалните вредности. Идната госпоѓа Кели – напишала возбудената девојка која не забележила што уште имало на фотографијата која ја објавиле на социјалната мрежа.
Откако ја објавиле фотографијата почнале да пристигнуваат и бројни коментари.
„Дали ова е тоа што мислам дека е ? Требало да ја пресечете фотографијата. Па се чини дека „тоа е внатре е многу важно“ – гласеле само некои оф коментарите кои следеле.
Во левиот агол на фотографијата се гледа тест за бременост.
„Што?Значи бремена си? – ја прашале пријателите, од кои многумина мислеле дека станува збор за шега, пишува „Дејли меил“.
На Миранда првин не и било јасно поради што луѓето и оставале такви коментари, меѓу кои бил и коментарот на нејзиниот татко.
„Душо требаше да ни се јавиш. Твојата мајка е збунета – напишал нејзиниот татко.
„Чекајте за што зборувате сите? Зошто мислите така? – запрашала Миранда и по некое време сфатила за што станува збор.
За да ја исправи грешката Миранда за брзо време објавила нов статус.
„Еј луѓе, ќе добиеме и бебе – напишала таа на својот профил.