Објавувал експлицитни фотографии од поранешната љубовница, а го уценувал и нејзиниот сопруг


Триесет и две годишен маж од село Житоиште објавувал експлицитни фотографии од поранешната љубовница на профилите на социјалните мрежи на нејзиниот брат и зет, а потоа го уценувал и нејзиниот сопруг дека доколку не му даде 1.200 евра ќе продолжи со објавување на фотографиите.

Како што соопшти МВР, пријавениот во изминатите две години бил во врска со Џ.А., но по прекинот на врската тој продолжил да ја бара на мобилниот телефон, со цел да ја продолжат врската.

– Но, бидејќи Џ.А. одбивала средба, пријавениот на профилите на нејзиниот брат и зет на социјалните мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина. Покрај ова, пријавениот го уценувал сопругот на Џ.А. дека ќе престане со објевување фотографии ако му даде 1.200 евра, велат од МВР.

Парите требал да ги уплати на сметка на неговата мајка, додека фотографиите би останале кај него во слуќај да биде пријавен во полиција да ги предаде на друго лице за објавување на социјалните мрежи.

Против него е поднесена кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

По наредба на Основниот Суд Прилеп, на 14. овој месец бил извршен претрес во неговата куќа, при што биле одземени еден компјутер, мобилен телефон и надворешна меморија со компромитирачки материјали.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1