Облачно време со слаби врнежи од дожд и снег на повисоките места е прогнозата за денеска, но и за наредните два дена. Повеќе ќе врне во западниот дел од земјата, каде на планините ќе паѓа и снег.
Денеска максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 6 Целзиусови степени, во Тетово и Гостивар 4, Маврово -2, Дебар 3, Куманово 5, Крива Паланка 3, Штип 6, Свети Николе 5, Берово 2, Струмица 6, Дојран 8, Кавадарци 6, Гевгелија 8, Крушево -1, Битола и Прилеп 4, Охрид 6, Преспа 3…
Утре дневните температури ќе бидат од 4 до 9 степени, во четврток од 5 до 10 степени, а од петок може да се очекува потопло време, сончеви периоди со дневни периоди од 4 до 10 степени.