Многу хемикалии што се користат при боење и обработка на ткаенината можат да им попречат на хормоните во телото, а кога ќе се исфрлат во природата можат дури и да предизвикаат рак.
Купувајте облека и модни додатоци од локални производители, побарајте такви што имаат транспарентна производна практика или едноставно купувајте помалку.
Чевли со висока потпетица
Високите потпетици можат да предизвикаат деформација на ножните прсти. Заменете ги високите потпетици со рамни чевли, посебно во деновите кога знаете дека многу ќе одите.
Тангата предизвикува вагинални инфекции и инфекции на уринарниот тракт
Освен што може да бидат болни и непријатни за носење, според експертите, тангата може да „ги насели“ бактериите на многу непожелни места. Ако тангата е неизоставен дел од вашата гардероба, барем за спиење облечете обична памучна долна облека за да ги намалите шансите за инфекција.
Претешки обетки
Преголеми или претешки, обетките може да нанесат штета на ушната школка. Денеска жените одат на реконструктивни хируршки операции за да ја поправат штетата направена со преголеми или претешки обетки.
Пренатрупани и тешки чанти
Големите и претешки чанти можат да предизвикаат болки во грбот и рамениците. Многу жени секојдневно носат премногу работи во чантата, а подоцна страдаат поради тоа. Болката која тешките чанти со време можат да ја предизвикаат може да бараат и посета на лекар. Исчистете и испразнете ја својата чанта, а решение може да биде и прераспределба на работите во неа.
Претесни фармерки
Тесните фармерки сами по себе понекогаш може да претставуваат предизвик кога облекувањето е во прашање, меѓутоа научниците тврдат дека тие може да бидат и опасни. Урологот Карен Бојл тврди дека нарушувањето наречено meralgia paresthetica може да предизвика симптоми како што се вкочанетост и болка во горниот дел на нозете, а се јавува кога еден од нервите на надворешниот дел од бутот е под притисок.
Претерано стегнат ремен
Неврологот Ирвин Фридман открива како затегнатиот ремен може да предизвика вкочанетост во нозете и стегнување на главниот нерв на бутната коска. Решението е многу просто – олабавете го ременот.