Телевизија Нова неофицијално дознава дека авионот кој исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром се урнал во атарот на велешкото село Ветерско, на околу 5 км од Катланово. Екипите за брза помош веќе се на теренот.Мештаните за ТВ Нова велат дека се гледале оган и густ чад.
Претходно од МВР за Телевизија Нова потврдија дека има авион кој исчезнал од радарот на скопскиот аеродром.
Неофицијално станува збор за авион марка „Пајпер“ со германски национални ознаки кој полетал од Тревизо – Италија и во него имало 6 патници. Авионот бил уредно пријавен за дополнување гориво на Скопскиот аеродром.
Сигналот од радарот се изгубил во 17:35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец кон Велес.