Обвинение за напаѓачите кои го претепааТодор Петров


По спроведената истражна постапка и комплетирање на доказниот материјал, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес, поднесе Обвинителен предлог против Б.Е., Б.А. и Е.А. за сторено кривично дело – Насилство од чл. 386 ст. 3 вв ст.1 од Кривичниот законик, информираат денес од Обвинителството.todor petrov pretepan

-Кривично правниот настан се случил во ресторан во близина на Скопскиот саем, на 27 февруари годинава, околу 12,30 часот. Оштетениот Т.П. кој бил гостин во ресторанот во придружба со уште едно лице, бил физички нападнат од обвинетиот Б.Е. и едно НН лице кои со тупаници го удирале во пределот на главата. Сакајќи да се заштити, оштетениот се повлекувал наназад и влегол во блиското сепаре и сместувајќи се во агол со рацете ја покривал главата. На нападот се приклучиле и обвинетите Е.А. и Б.А. со уште едно НН лице и продолжиле да го удираат оштетениот со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Обвинетиот Б.А. го фатил оштетениот за врат и го турнал, при тоа заканувајќи му се, стои во соопштението.

Оштетениот од ударите се здобил со потрес на мозок, контузии на коски на лицето, како и површински повреди во пределот на лицето.

Во исто време кај оштетениот, како и кај други лица кои во моментот се наоѓале во ресторанот, било предизвикано чувство на страв, загрозеност и несигурност, се вели во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1