Обвинет за масакрот кај Смилковци остана без адвокат


Отсуството на судијата Огнен Ставрев го одложи денешното судско рочиште за случајот „Монструм“, за 6. мај годинава.

Насер Рауфи се откажа да го брани еден од обвинетите Агим Исмаиловиќ. Тој пак рече дека нема пари за нов адвокат, по што ќе му биде обезбеден адвокат по службена должност, пренесе Фактор.

На претходните рочишта, кои беа затворени за јавноста, пак се презентираа посебните истражни мерки, односно прислушувани разговори на обвинетите за петкратното убиство кое се случи пред седум години.

Освен „бомбите“, кои СЈО ги има во раце за овој случај, ќе бидат повикани и неколку нови сведоци, кои ќе треба да придонесат за расветлување на седумгодишната мистерија за убиството на четворицата матуранти Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски беа убиени кај Смиљковското Езеро.

За овој случај доживотна казна затвор им беше изречена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтообвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање цврсти докази за утврдување вина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1