Обвинетите во случајот „Алмир“ не се чуствуваат виновни, ниту првообвинетиот Бобан Илиќ кого Обвинителството го товари за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ниту пак тројцата обвинети за „насилство“, таткото на детето, Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу. Нивните адвокати во завршните зборови, денеска во кумановскиот Суд побараа ослободителни пресуди.
Илиќ изрази жалење, за настанот, за детето и рече дека не се чуствува виновен. Таткото на детето, Седат Алиу, рече дека не знае зошто е обвинет кога си ја бранел фамилијата и побара да биде ослободен од обвиненеието. И трето и четврообвинетиот, Сами Демири и Абдула Алиу кажаа пред Ссудечкиот совет дека не се виновни за делото „насилство“.
Во завршниот збор адвокатот Стеван Павлески денеска побара ослободителна пресуда за Илиќ, потеницрајќи дека делото не го извршил со умисла, повикувајќи се на невропсихијатриското и сообраќајно-техничкото вештачење и видео записот, нагласувајќи дека бил вовлечен во конфликтна ситуација од која се обидел да излезе. На почетокот на судењето, адвокатот во име на семејството изрази сочуство до мајката за загубата на нејзниното дете.
Објавата на пресудата е закажана за 5 април годинава.
Обвинетиот Илиќ се товари за прегазување на четиригодишниот Алмир Алиу на 25 јуни 2016 година, по претходна банална расправија со таткото на момчето, во кумановскиот Здравствен Дом на улицата „Борис Кидрич“. Четиригодишниот Алмир почина од здобиените повреди на 1 јули 2016 година.