„Си ја отепав девојката, ќе се фрлам, така ми рече момчето кое седеше на кровот, а нозете му висеа надолу“, се присети чуварот на детска клиника од вечерната смена на 9 јануари, пренесува Алфа телевизија.
„На неколку метри од него лежеше жена со рацете испружени нагоре, не ја препознав дека била сестра Дијана“, чуварот кој годините веќе го навасале, знаеше оти таа била прва смена, која пак завршува непосредно пред убиството.
23 годишниот Никола Кузмановски од скопски Петровец, е осомничен дека со голи раце ја задушил, стегајќи ја за вратот, неговата бремена пријателка медицинската сестра Дијана Здравковска.
„Не се чувствувам за виновен“, одговори младиот човек на прашањето од судијата дали го сторил убиството.
Обвинителот тврди дека осомничениот е пресметлив и знаел оти Дијана е бремена.
Додека ги слушаше обвинувањата, Никола со прекар „штраф“ воздивнуваше, а повремено ги затвораше и очите. Зад него седеа родителите на Дијана, мајката со едната рака си ги бришеше солзите, а со другата во тупаница си ја стегаше устата.
Од левата страна пак стоеја неговите родители, со стегнати очи гледаа во судијката, но не и во синот кој стоеше на обвинителната клупа.
„Ништо не сакам да кажам“, обвинетиот најави дека ќе зборува на некое од следните судења. На ова пак сведочеше сопругот на Дијана, побара оштета, но не за него туку за нивното болно 8 годишно девојче.
„Да го познавам, од исто село сме, комшии, ама не знаев дека се во љубовна врска“.
На обвинетиот Никола му се заканува доживотна казна затвор.