Обвинетите за нападот врз аеродромот „Ататурк“ може да бидат осудени на 3.300 г. затвор


Обвинетите за нападот од 28 јуни 2016 година врз истанбулскиот аеродром „Ататурк“ можат да бидат осудени на повеќе 3.300 години затвор, јави турската новинска агенција Анадолија.istanbul-ataturk

Таква пресуда бара Обвинителството, кое го заврши обвинителниот акт. Во нападот загинаа 45 луѓе и повеќе од 200 беа повредени.

Обвинети се 45 луѓе од кои 41 се во притвор.Обвинителниот акт содржи повеќе од 257 страници.

Обвинителството за поголемиот број од обвинетите бара по 46 пресуди доживотен строг затвор. Тие се товарат за „обид за промена на уставниот поредок“, „убиство со предумисла“, „создавање и членство во терористичка организација“ и оштетување приватен и државен имот.

Според турскиот кривичен закон за таквите дела се предвидени казни затвор од 2.131 до 3.342 години затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1