Обвинител, лекар и инспектор од МВР им помагале на наркодилери (ВИДЕО)


Јавен обвинител, лекар и полициски инспектор од Битола им помагале на наркодилери, изјави денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Тој нагласи дека нивното противзаконско делување и помагање на криминална банда која продавала наркотици во Скопје, Велес и во Свети Николе се откриени во двегодишната акција „Брана“, која продолжила и утринава под оперативно име „Мрежа“.APSENJE POLICIJA

– Акцијата започна откако дознавме за организирана криминална група која делувала на национално и меѓународно ниво во вршење кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога. Таа имала коруптивно влијание во одредени структури на полицијата и судството. Преку ова влијание требало да се овозможи заштита на криминалните интереси, стекнување финансиска моќ и влијание, како и попречување и оневозможување на легитимините законски активности преземени од страна на Јавното Обвинителство и МВР – изјави Чавков.

Според досега откриеното, тројцата државни функционери, правеле лажни документи дека еден член од бандата наводно е во затвор, а тој всушност продавал дрога на слобода.

– Тројца од бандата се на возраст од 35, 38 и 42 години. Тие од јули минатата година до јуни годинава организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање на дрога и психотропни супстанци. Од стекнатиот приход одреден процент добивале посредниците, но најголем дел го задржувале организаторите. По извршените претреси кај пет лица од кои кај тројцата организатори и двајца посредници се пронајдени и одземени голем број предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувани. Најдени се телефони, пари, оружје и разни прашкасти материи. Од почетокот на акцијата „Брана“ до денеска се запленети повеќе од 4 килограми марихуана, семки од растението Canaabis Sativa, 75 таблети екстази, а се поднесени 10 кривични пријави. Денеска до ОЈО ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, а по еден член од бандата уште се бара – рече Чавков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1