Обвинители ќе се жалат за отфрлањето на „бомбите“ како доказ


Најмалку шест жалби во текот на денот се пристигнати во скопскиот Кривичен суд по одлуката на судија во претходна постапка со која аудиоснимките беа издвоени како незаконски прибавени докази. Рокот во кој обвинителите кои работат по предметите за прислушувањето можат да ја обжалат одлуката истекува вечерва на полноќ со што официјалната и точна бројка ќе се знае утре.zaev
Од адвокатскиот тим на Заев очекуваат најголем дел од обвинителите кои работат на предметите да достават жалба. За нив е нејасно зошто воопшто судот ја донел ваквата одлуката и сметаат дека е неопходно што поскоро специјалениот јавен обвинител да ги земе во работа предметите.
Судијката во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазарова Трајковска во интервју за Дојче Веле вели дека не смее да се доведува во прашање специјалниот јавен обвинител кој треба да работи со одврзани раце но и смета дека моменталната истрага во обвинителството треба да се води по повисоки стандарди.
„Политичкиот договор недвосмисленo предвидува востановување на специјален јавен обвинител со целосна автономија во водењето на истрагата околу разговорите кои произлегуваат од следењето на комуникациите. Во моментот кога е тоа договорено, не значи автоматски да престанат сите активности на постојните судски инстанци надлежни за некои од случаите. Сосема очекувано е ако веќе преземаат одредени процесни дејствија во интервалот додека се востанови специјалниот обвинител, тоа да го прават според повисоки стандарди од оние кои биле практикувани претходно, а кои довеле до толкава, потврдена недоверба во судски и јавно-обвинителски инстанци.“
 На одлуката на судот да ги отфрли разговорите денеска реагираше и Транспарентност Македонија, од каде велат со ваквата несериозна одлука на судот не само што грубо е злоупотребена власта и серозно е нарушена правдата, туку, се поткопува и договорот од Пржино – од чие исполнување зависи иднината на нашата земја.
 Сега откако судот ќе ги рзагледа жалбите на обвинителите кои работат на предметите со прислушуваните разговори тие одат во Апелациониот суд кој ќе треба да одлучи дали ќе ги прифати или ке ги укине.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1