Обвинителство ќе го обжали решението со кое Груевски се спаси од „Траекторија“


Обвинителството има можност да го обжали решението на судијата Горан Бошевски, кој пред неколку дена констатираше дека кривичното дело за кое се гони поранешниот премиер Никола Груевски, за кинеските автопати, е застарено.

Foto – prevzemeno od Sitel.mk

Со оглед на тоа дека решението уште не стигнало во Обвинителството, може да го оспори решението на судијата, бидејќи на овој начин се оневозможува обвинителот во текот на постапката да направи преквалификација на делото.

Фокус пишува дека Лиле Стефанова сега е со врзани раце, односно нема да може да направи преквалификација на кривичното дело за Груевски, доколку на пример за тоа се создадат услови во текот на судската постапка.

Инаку, Груевски во „Траекторија“ беше обвинет за „Примање награда за противзаконито влијание“ од чл.359 ст.2 од КЗ, за што е предвидена затворска казна од една до три години, поради што пак застарува за шест години, сметано од 2013 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1