ОБВИНИТЕЛСТВО: Покренато обвинение против Заев и Верушевски за „Пуч“


Основното Јавно Обвинителство, за организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 во Скопје, денеска достави обвинителен акт против пет лица за случајот„Пуч“ . Еден од обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој се товари за насилство спрема претставници од највисоки државни органи.zaev verusevski

Првообвинетиот поранешниот разузнавач Зоран Верушевски се товари за неовластено прислушкување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници од највисоки државни органи. Сопругата на Верушевски, Соња е обвинета за шпионажа, а останатите тројца за неовластено прислушкување и тонско снимање, како и насилство према претставници од највисоки државни органи.

На веб страницата на ОС Скопје 1 е објавено следново соопштение:

Основното Јавно Обвинителство, за организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави обвинителен акт КО Бр. 25/15 против пет лица кои се дел од предметот во јавноста познат како „Пуч“ за кривичните дела:
Обвинетиот З.В. за кривичните дела Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 23 и член 45 од КЗ, Шпионажа од член 316 ст.4 од КЗ и Насилство спрема претставници од највисоки државни органи од член 311 в.в со член 24 од КЗ.

– Обвинетиот Ѓ.Л. за кривичните дела Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 ст.4 в.в со ст.1 в.в со член 23 и член 45 од КЗ, Шпионажа од член 316 ст.4 од КЗ.

Обвинетата С. В. за кривичното дела Шпионажа од член 316 ст.4 од КЗ.

Обвинетиот З.З. за кривичното дело и Насилство спрема претставници од највисоки државни органи од член 311 в.в со член 19 од КЗ.

Обвинетиот Б.П. за кривичното дело Насилство спрема претставници од највисоки државни органи од член 311 в.в со член 24 од КЗ.
Обвинителниот акт е распредлен на совет за оценка.

Воедно кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по предлог на Основното Јавно Обвинителство за организиран криминал и корупција, ја продолжи мерката притвор за обвинетите З.В., Ѓ.Л., С.В. и Б.П., поради тоа што сеуште стојат причините поради кои истата е определена, се вели во соопштението објавено на веб страницата на ОС СК1.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1