Обвинителството бара куќен наместо затворски притвор за Елена Доцевска-Божиновска


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побара од кривичниот суд мерката притвор за вработената во собраниската служба, Елена Доцевска-Божиновска, обвинета во врска со настаните во Собранието на 27 април минатата година, да ѝ биде заменет со куќен притвор.

Обвинителството, исто така, побара и оперскиот пејач Игор Дурловски од притворот во затворот во Шуто Оризари да биде пренесен во куќен притвор, а за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска побара да ѝ се укине куќниот притвор и да ѝ бидат определени мерки на претпазливост.

За останатите триесет и двајца осомничени Обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување присуство и за непречено водење на кривичната постапка

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1