Два компјутера во сопственост на општина Струмица утрово се одземени од истражители на Обвинителството за орагнизиран криминал. На разговор биле повикани околу 10 луѓе дел вработени во општината а дел членови на СДСМ од овој регион
Од кабинетот на градоначалникот Заев се одземени 2 компјутери од кои едниот на шефот на кабинетот и другиот на помошникот за контакти со граѓаните
Решението по кoе ќе се води постапката е за изборни манипулации и поткуп за избори член 162.
Од општина Струмица го потврдија настанот, но не сакаа да даваат детали.